понеделник, 29 јуни 2026

МОН: Во јунскиот уписен рок запишани 15.705 ученици во средно образование

На првото и второто пријавување во јуни за упис во средните училишта од учебната 2026/2027 година вкупно се запишале 15.705 ученици, информираа од Министерството за образование и наука (МОН).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за образование и наука,  11.171 ученици се запишани  за настава на македонски јазик; 4.241 за настава на албански јазик; 279 ученици за настава на турски и 14  ученици за настава на српски јазик.

Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно, 4.653 ученици во гимназиско образование, 10.823 ученици во стручно образование. Во Спортска академија се запишани 229 ученици, а во уметничкото образование, стои во објавата на МОН,  се уште не е завршен процесот на селекција.

Второто пријавување беше спроведено на 23 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата на 24 јуни. Ккао што објави МОН,  во вториот рок во јуни се пријавиле 2927 ученици, од кои, 1.457 ученици за настава на македонски јазик; 1.369 ученици за настава на албански и 101 ученици за настава на турски јазик и

Како што претходно информираше МОН, на првото пријавување за запишување во средно образование, спроведено со електронско аплицирање од 12 до 15 јуни пријавени беа 15.075, а се запишаа 13.423 ученици (по направена селекција во уметничко образование).

Од нив 9839 ученици за настава на македонски јазик, 3.357 за настава на албански, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ