Тој нагласи дека Литванија верува во силна Европска Унија како значаен геостратешки актер, оценувајќи дека Европа може да биде посилна само доколку продолжи со политиката на проширување и им овозможи на земјите кои долго време чекаат да станат дел од европското семејство да напредуваат врз основа на заслуги. Осврнувајќи се на европската интеграција на Република Северна Македонија, Будрис оцени дека државата е на вистинскиот пат и дека реформскиот напредок е препознаен.
„Северна Македонија е на вистинскиот пат, а Литванија ќе продолжи силно да го поддржува вашиот европски пат. Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа“, истакна Будрис.
Тој додаде дека процесот на проширување мора да остане заснован на заслуги и на објективна оценка на постигнатите резултати, при што напредокот на земјите кандидати треба да се оценува врз основа на извештаите на Европската комисија.
„Од она што го читам во последниот извештај, Северна Македонија е на вистинскиот пат и затоа заслужува наша континуирана поддршка“, порача министерот Будрис.






