понеделник, 29 јуни 2026

Русија: Украина соработува со нарко картели

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) денеска ги обвини украинските власти за учество во транспортирањето дрога од Латинска Америка во Европа, тврдејќи дека Киев ја дозволува трговијата во замена за пари и други услуги.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според СВР, украинските безбедносни агенции свесно го олеснуваат шверцот со дрога низ земјата за да обезбедат дополнителни извори на приход поради недоволната финансиска поддршка од западните сојузници. Руската разузнавачка агенција, исто така, тврди дека латиноамериканските нарко картели, за возврат, ѝ помагаат на Украина да регрутира странски платеници за своите вооружени сили.

Во соопштението се вели дека криминалните групи од Латинска Америка се стремат да го прошират снабдувањето со наркотици, вклучувајќи и фентанил, на европскиот пазар поради засилената борба против дрогата во САД. „Украина ја гледаат како безбеден коридор за пристап до европскиот пазар, со оглед на недостатокот на соодветна гранична и царинска контрола во земјата“, истакнува СВР.

СВР соопшти дека пристаништата во регионот Одеса стануваат „главна база за претовар на транзитната рута за дрога до Европа преку Полска, Молдавија и Романија“.

Покрај тоа, руската служба тврди дека картелите се заинтересирани и за пристап до украинскиот црн пазар за оружје. „Латиноамериканските нарко картели се заинтересирани и за пристап до украинскиот црн пазар за оружје“, се заклучува во соопштението. Украина сè уште не се огласи за овие обвинувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ