понеделник, 29 јуни 2026

Мицкоски: Утре ќе се знаат имињата на министрите во реконструираната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери Влен и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена“, рече Мицкоски на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и Влен.

Прашан кога ќе има информации за промени во другите ешалони, Мицкоски посочи дека со тие активности ќе се продолжи од септември.

„Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на буџетот и доколку има потреба, одредени седници, со кои ќе се донивелираат одредени реформски закони кои се потребни за реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму“, рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на градинка во Трубарево во општина Гази Баба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ