понеделник, 29 јуни 2026

„Сакам да работам“ бара претседателката Сиљановска Давкова да не го потпише указот за Законот за игри на среќа

Мнозинството пратеници озаконија политичко – етнички инженеринг. За задоволување на политички поени во наредните две години 10 илјади работни места постепено ќе бидат жртвувани, што ќе предизвика 35 илјади нови иселеници од Македонија, реагираа денеска од здружението „Сакам да работам“. Оттаму нагласуваат дека се разочарани што пратениците на најголемите македонски партии не ги прифатиле нивните апели. Изгласувањето на Законот за игри на среќа, велат оттаму, и покрај предупредувањата и забелешките, е јасна и сурова порака за вработените.

Објавено на

часот

Сподели

„Веројатно не сме подобни за вниманието кое го бараме од надлежните институции“, велат од здружението.

Од „Сакам да работам“ велат дека Македонија од денес, во секторот на игри на среќа ја очекуваат многу сериозни предизвици.

„Наместо да го избегне албанското сценарио, политичките елити одлучија да го пресликаат. Постепеното затворање на легалните објекти за игри на среќа ќе предизвика хаос. Ќе никнуваат играчници на диво по подруми, на државата ќе и се лизга од раце досегашната контрола, младите ќе станат лесна мета на профитери од црниот пазар. Дежурните критичари на игрите на среќа, кои со години водат негативна кампања за овој економски сектор, никогаш нема да преземат одговорност за последиците кои неминовно следат“, велат од здружението.

Оттаму сметаат дека е нивна должност е да се борат до последен здив.

„Ние не сме печалбари во сопствената земја. Нема мирно да седиме кога некој намерно не брка во странство. За секое изгубено работно место ќе ги користиме сите демократски и правни механизми за борба. Тогаш кога надлежните ќе почнат да се соочуваат со негативните последици од овој закон, тогаш ќе следат масовни протести, на кои сме сигурни дека нема да бидат само вработените. Како последно надлежна во законодавната постапка, јавно ја повикуваме претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не го потпишува указот за стапување во сила на Законот за игри на среќа и забавни игри за да спречи социјална бомба“, реагираат од здружението „Сакам да работам“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ