Посебна претпазливост се препорачува кога станува збор за методите за складирање на храна и времето што поминува од нејзината подготовка, бидејќи оставањето на оброците на собна температура може да го поттикне размножувањето на бактерии.
Стручњаците предупредуваат дека одредени намирници, доколку не се чуваат правилно, можат да станат опасни дури и по повторното загревање, бидејќи готвењето не ги уништува секогаш сите бактериски спори, ниту го спречува создавањето токсини.
Една таква намирница е оризот. Иако често се подготвува однапред и се чува за подоцнежни оброци, може да ја содржи бактеријата Бацилиус цереус (Bacillus cereus).
Нејзините спори можат да го преживеат готвењето, а ако оризот по подготовката остане на собна температура, постои ризик од нивно размножување и создавање токсини што можат да предизвикаат дигестивни тегоби, како што се мачнина и повраќање.
Затоа, се препорачува оризот брзо да се излади и да се чува во фрижидер, при што треба да се избегнува повеќекратно подгревање.
Друга намирница на која треба да се обрне внимание е спанаќот. Иако е богат со хранливи материи и често е дел од здравите оброци, проблемот настанува при повторно загревање, кога нитратите во спанаќот можат да се претворат во нитрити и потенцијално штетни соединенија.
Поради тоа, се препорачува спанаќот да се консумира веднаш по подготовката или во ладна варијанта, на пример како додаток во салати.






