понеделник, 29 јуни 2026

Бразил со пресврт во судиското продолжение ја исфрли Јапонија од СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил со пресвет ја исфрли Јапонија (2-1) во шеснаестинафиналето на Светското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот на „НРГ Стадион“ во Хјустон понуди голема тактичка битка на двете селекции, а „кариоките“ во судиското продолжение успеаја да го свртат резултатот во своја корист и да се пласираат меѓу шеснаесетте најдобри на турнирот.

Стартот на средбата во Тексас беше израмнета и се играше без ризик. Јапонија успеа прва да стигне до водечки гол во 29. минута преку Каишу Сано. Бразилците загубија топка во транзиција, па ривалот знаеше да го казни тоа со акција низ средината, а Сано со убав удар го матира Алисон за 0-1. Овој резултат беше активен на полувремето во Хјустон.

Во вториот дел Бразил влезе многу подобро и бргу упати две шанси преку Бруно Гимараеш и Касемиро, ама голманот Зион Сузуки беше на нивото на задачата. Отпорот беше скршен во 56. минута кога Касемиро со глава стрела по центаршут од Габриел. Во продолжението се закани и Винициус, но Сузуки му го одбрани зицерот откосо. По серијата замени на двете страни темпото на игра опадна, а кога сите чекаа крај и продолженија следуваше гол за победа на „кариоките“.

Течеше 95. минута од средбата кога по грешка на Танака следуваше проигрување од Гимараеш до резервистот Габриел Мартинели кој пласира во спротивниот агол за пресврт и победа.

Во осминафиналето Бразилците ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Брег на Слонова Коска и Норвешка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ