Разговорите беа „интензивни, фокусирани и конструктивни“, изјави Шефчовиќ за новинарите денес, додавајќи дека двете национални делегации ќе продолжат со разговорите во текот на вечерта.
„Сметаме дека до октомври нашите тимови имаат доволно време да постигнат опипливи резултати“, кажа тој. Ванг го покани да го посети Пекинг во октомври.
Шефчовиќ инсистираше дека Европската Унија сака разговорите да се фокусираат на продлабочениот трговски јаз. „Извозот на Кина во ЕУ продолжува да расте, а нашиот пазарен удел во Кина продолжува да се намалува. Овој тренд не е одржлив и статус кво не е опција“, кажа тој.
Шефчовиќ кажа дека двете страни формирале групи за да разговараат за трговскиот баланс, контролата на извозот, интелектуалната сопственост и реформата на Светската трговска организација.
Кина ја уверува ЕУ дека контролата на извозот на ретки метали нема да ги наруши синџирите на снабдување на ЕУ, кажа тој.
Лидерите на Европската унија побараа од Комисијата, задолжена за трговските односи на блокот, да ги реализира резултатите од дијалогот со Кина, бидејќи нејзиниот трговски суфицит со ЕУ достигна 360,6 милијарди евра во 2025 година, што е зголемување од 15 проценти во споредба со 2024 година. Суфицитот се зголеми за 10 проценти во првите четири месеци од оваа година.






