Се случи првата сезонација во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство, големата Германија е елиминирана.
Парагвај играше дефанзивно, се бранеше и се обидуваше да преку контра напади да го загрози голот на Германците кои имаа посед и иницијатива, но во најголем случај тоа беше јалово.
Резултатот беше отворен кон финишот од првото полувреме кога по еден контра напад Енцисо погоди за водство на Парагвај од 1-0.
По девет минути игра во вториот дел Каи Хаверц го изедначи резултатот откако даде гол со глава по асистенција од Вирц.
Немаше нов гол до крајот на регуларниот тек, па мечот отиде во продолженија. Но и таму немаше регуларен погодок, Германија се израдува на гол на Та, но тој беше поништен поради фаул врз голманот на Парагвајците.
Пеналите го решаваа победникот, а тие беа исклучително драматични. Серијата почна со промашување Хаверц, Хил го одбрани ударот. Парагвајците беа перфектни во првите три серии, погодија Маурисио, Гомез и Галарза.
За Германија реализираа Кимих и Мусиала, но промаши Волтемаде. Паргвај имаше две меч топки, но промашија Санабрија и Фабијан Валбуена, Нојер ги одбрани нивните удари. На спротивната страна Амири даде гол, па беше нерешено по петте серии.
Во шестата серија Та шутна високо над голот, а Канеле биеше прецизно по што почна големата радост на Парагвај.






