понеделник, 29 јуни 2026

Официјално: Панатинаикос го претстави Елмин Растодер

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер и официјално е нов фудбалер на Панатинаикос.

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот гигант вечерва го потврди трансферот, а напаѓачот стави потпис на четиригодишен договор.

По цела кариера мината во Швајцарија, Растодер за првпат ќе заигра надвор од земјата во која е роден. Фудбалски израсна во академијата на Грасхоперс, а настапуваше и за Цирих и Вадуц, пред целосно да се афирмира во дресот на Тун.

Токму во изминатата сезона беше еден од клучните играчи во историскиот успех на Тун, кој ја освои шампионската титула во Швајцарија. Македонскиот напаѓач постигна 15 голови и запиша шест асистенции, со што го привлече вниманието на повеќе европски клубови.

И покрај интересот од неколку клубови, Растодер ја избра понудата на Панатинаикос. Според информациите, грчкиот клуб ќе му исплати околу 3,5 милиони евра на Тун за реализација на трансферот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ