Бебето беше извлечено од зградата заедно со друго дете и уште двајца преживеани, но почина на пат кон болницата, рече гувернерот.
Уште еден маж загина во текот на ноќта во украински напад со дрон во рускиот регион Белгород, соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рано утрово изјави дека се пресретнати 46 украински дронови лансирани кон руската престолнина, но во тој момент не прецизираше дали има повредени или материјална штета.
Собјанин во серија пораки на Телеграм спомена девет бранови дронови кои биле уништени од противвоздушната одбрана додека се движеле кон градот, пренесува агенцијата Бета.
Прецизираше дека спасувачките тимови се распоредени во областите каде што паднале остатоците од дроновите, без да наведе други детали.
Руската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила 419 украински дронови во текот на претходната ноќ, соопшти руското Министерство за одбрана на социјалните мрежи, пренесува Бета.
„Во текот на ноќта, помеѓу 20 часот по московско време на 29 јуни и 7 часот на 30 јуни, воздушната одбрана пресретна и уништи 419 украински дронови“, се вели во соопштението.
Анектираниот црноморски полуостров Крим, соседниот руски регион Краснодар и руската престолнина Москва беа меѓу 19-те територии што беа нападнати.
Овој последен голем бран напади со дронови доаѓа откако серија од 660 украински дронови беа лансирани меѓу минатиот четврток и петок, што е една од најголемите бројки на дронови откако започна конфликтот во февруари 2022 година.
Русија тогаш исто така соопшти дека дроновите биле пресретнати или уништени.






