Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и со остар предмет му се заканувал на женско лице, по што со такси возило го напуштил местото.
По преземени мерки, полициските службеници го запреле возилото, го лишиле од слобода, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. При проверка во оперативната евиденција било утврдено дека лицето се бара со судска наредба за доиздржување на затворската казна.
По приведувањето, С.Ш. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.






