вторник, 30 јуни 2026

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби.

Пиротехничарот од ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, појасни дека гранатата е од типот топовски проектили од Првата светска војна и дека најверојатно се работи за испукана, но неексплодирана граната која останала активна. Според него и при најмал удар може да дојде до моментална експлозија, бидејќи станува збор за исклучително опасно убојно средство, со потенцијално смртоносно дејство во радиус од околу 150 метри.

Неексплодираната граната ќе биде безбедно транспортирана и уништена на армискиот полигон „Криволак“, согласно протоколите за уништување на неексплодирани убојни средства (НУС).

Директорот Стојанче Ангелов апелира до граѓаните, во случај на пронаоѓање на сомнителни предмети што наликуваат на експлозивни средства, да не ги допираат и веднаш да пријават на бројот 112.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ