вторник, 30 јуни 2026

До пладне регистрирани седум пожари на отворено, пет сè уште се активни

Денеска до 12 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, а два се целосно изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Активни пожари има во Општина Шуто Оризари, кај „Џиди Комерц“, каде гори ѓубре и сува трева, во Општина Старо Нагоричане, кај селото Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева, во Општина Дојран, кај селото Сретеново, каде гори шума, во Општина Велес, покрај автопатот Велес–Штип, кај Чолошево, каде гори ниска вегетација и сува трева, во Општина Велес, на градската депонија, каде гори ѓубре.

Во меѓувреме, изгаснати се два пожари, во Општина Долнени, кај селото Житоше, во близина на училиштето, каде гореле ниска вегетација и сува трева и во Општина Битола, кај селото Кукуречани, каде горело ѓубре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ