При претходната акција, скршените делови од клупите беа заменети со нови, а урбаната опрема беше освежена и повторно ставена во функција. Сепак, како што информираат од Општината, несовесното однесување на поединци предизвикало нови оштетувања.
Службите за комунални дејности неделава извршиле увид на терен и повторно ги санирале оштетените клупи, со цел тие повторно да бидат достапни за граѓаните.
Од Општина Кочани упатија апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон јавниот простор и да придонесат за зачувување на урбаната опрема.
„Само со грижа и почит кон заедничките добра можеме да создадеме поуредна, почиста и попријатна средина за сите“, потенцираат од локалната самоуправа.






