Пласманот на Ѓорческа на главниот турнир на Вимблдон не е само нејзина лична историја, тоа е историја за македонскиот тенис воопшто. Таа стана првиот претставник на Македонија на грен-слем турнир во поединечна конкуренција без разлика дали се работи за машки или женски тенис.
Мечот на Ѓорческа против Анисимова почнуваше од 12 часот, токму во тој термин МТФ одлучи дека треба да одржи прес-конференција за ИТФ турнирот „Мацедониан опен“ со награден фонд од 30.000 долари.
На прес-конференцијата говореа директорот Горан Шевченко и македонските тенисери Калин Ивановски и Амар Хусеиновиќ. Организаторот веројатно одлучил подоцна да го гледа мечот на Лина или да ги прескокне првите неколку гема.






