вторник, 30 јуни 2026
Историски меч за македонскиот тенис

Ѓорческа настапи на Вимблдон, во храбра битка загуби од Анисимова

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го запиша својот историски деби-настап на славниот Вимблдон. Нашата претставничка пружи силен отпор и го даде својот максимум, но шестата носителка на турнирот, Аманда Анисимова, се покажа како непремостлива пречка.

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот заврши со пораз на Ѓорческа од 3-6 и 2-6 по сетови. Иако загуби, македонската тенисерка имаше одлични блесоци на теренот со кои јасно потврди дека целосно заслужува да биде дел од елитата во Лондон.

Сепак, искуството и квалитетот на Анисимова, која е шеста рекетка во светот, дојдоа до израз и таа ја оправда фаворитската улога во овој натпревар.

И покрај елиминацијата, овој настап на Лина Ѓорческа останува длабоко врежан во аналите на македонскиот спорт, бидејќи таа стана првиот наш претставник кој заиграл на еден грен-слем турнир во поединечна конкуренција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ