вторник, 30 јуни 2026

Поранешниот градоначалник на Карпош, Јакимовски бара одлагање на затворската казна

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски побарал одлагање на затворската казна, откако претходно Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт за издржување на казната затвор соопшти денеска судот. Како пришина за одлагање на извршувањата на казната затвор, Јакимовска ја невел влошената здравствена состојба, сооштија од судот.

Објавено на

часот

Сподели

Според Судот, по издавањето на упатниот акт за издржување на затворската казна, Јакимовски на 12 јуни поднел барање за одлагање на извршувањето на казната поради здравствени причини.

Судијата за извршување санкции веднаш започнал со проверка на доставената медицинска документација и побарал дополнителни информации од двете приватни здравствени установи кои му ја издале документацијата на Јакимовски. Барањата за проверка биле испратени на 15 јуни, а ургенција е испратена и на 26 јуни 2026 година.

„Одговорите сè уште не се пристигнати, поради што не е донесена конечна одлука“, информираа од Судот.

Од Судот потсетуваат дека согласно член 144 од Законот за извршување санкции, судијата има рок од 30 дена од приемот на барањето да ги провери сите наведени околности и да донесе одлука. До тогаш, почетокот на извршувањето на затворската казна се одлага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ