вторник, 30 јуни 2026

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи, информираа од УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.

Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ