Инаку, пожарот има зафатено поголема површина со ширење во неколку правци. Огнот со еден крак тргнал кон место викано Саботна Вода од каде се префрлил и на место викано Трите Дола, а во моментов е многу близу и до место викано Цариер, а еден крак е и кон село Караслари.
Опожарена до овој момент е голема површина на сува трева, на лозја, на дрвја од овоштарници, а настрадале и пчелни сандаци, додека од чадот не може да се види во каква состојба се изградените викендици, куќи и помошни објекти.
Од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ информираат дека нивни вработени им помагаат на пожарникарите во гаснењето на пожарот што зафати област со ниска вегетација во близина на градската депонија и обезбедена е цистерна за дотур на вода за гаснење на пожарот. Воедно тие го зголемиле е и бројот на вработени на градската депонија со цел да се спречи пожарот да се префрли на самата депонија.
И покрај надвиснатите облаци над овој реон се уште не врне. Во моментов воздухопловот ер-трактор на ДЗС надлетува на целиот терен и го гасне пожарот.






