MG Fashion е компанија со децениско искуство, активна во областа на недвижностите, специјализирана за инвестирање и изградба на комерцијални, станбени и деловни објекти. Во своето работење компанијата посветува особено внимание на зачувувањето и унапредувањето на животната средина, истовремено создавајќи квалитетни, функционални и современи објекти кои нудат комфорен и пријатен простор за корисниците.

Syndicate Studio, архитектонско студио од Скопје, добитник на бројни домашни и меѓународни признанија, уште еднаш го потврди својот лидерски статус во областа на современото архитектонско проектирање. Токму овој објект стана првиот во Северна Македонија што се стекна со престижниот Златен LEED сертификат и е меѓу првите сертифицирани објекти од овој ранг на Балканот.
Ова достигнување претставува доказ дека кога визијата, знаењето, професионализмот и посветеноста се обединети, резултатот е проект што поставува нови стандарди во одржливото и современо градење. Меѓународно признатиот Златен LEED сертификат е потврда за највисоките стандарди во однос на енергетската ефикасност, одржливоста и квалитетот на изведбата.

Овој успех дополнително ги позиционира Syndicate Studio и MG Fashion како лидери во своите области: во проектирањето и во реализацијата на современи, иновативни и одржливи објекти кои создаваат долгорочна вредност за заедницата.
Посебна благодарност упатуваме до надзорот на проектот Metric Design, консултантите Focal од Грција, тимот на Стопанска банка Скопје, како и до сите изведувачи и соработници кои со својата стручност, професионалност и посветеност придонесоа овој значаен проект успешно да биде реализиран.

Заеднички покажавме дека и во Северна Македонија можат да се создаваат објекти кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди!
Комерцијален текст






