вторник, 30 јуни 2026

Приказната за парагвајскиот херој: Бил напаѓач, продавал опрема поради болниот син, а половина година е без плата…

Орландо Хил беше еден од најголемите херои на Парагвај во драматичната победа над Германија по пенали на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Голманот блесна во пенал серијата со две одбрани, но неговата животна приказна е уште повпечатлива од настапот на теренот.

Пред неколку години голманот ја водел најтешката битка надвор од фудбалот. По раѓањето на неговиот син Лаутаро Даниел, кој имал сериозни здравствени проблеми, Хил бил принуден да продава копачки, дресови и друга спортска опрема за да обезбеди пари за лекување.

Кога се роди Лаути, немавме ништо. Орландо се откажа од стариот клуб. Нашиот син се бореше за живот, но неговиот татко беше секогаш тука. Се надевам дека цел свет ќе дознае дека имаш големо срце“, изјави неговата сопруга Мелиса.

Интересно е што Хил својата кариера ја почнал како напаѓач, но по совет на тренер ја сменил позицијата и застанал на голот, одлука што целосно му ја променила кариерата.

Врвот го достигна на Мундијалот против Германија. Прво поради прекршок врз него беше поништен гол на Германците, а потоа во пенал серијата ги запре ударите на Каи Хаверц и Валдемар Антон, носејќи му историски пласман на Парагвај.

Инаку, Хил моментално шест месеци е без плата во редовите на својот клуб Сан Лоренцо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ