вторник, 30 јуни 2026

Вештачката интелигенција ги менува работните места од корен

Борис Черни, креатор на алатката „Клод Код“ од „Антропик“, верува дека класичните поделби меѓу инженерите, менаџерите на производи и дизајнерите би можеле сè повеќе да се избришат во ерата на вештачката интелигенција (ВИ).

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Според неговата проценка, идните тимови би можеле да бидат организирани околу пет типа работници: прототипизери, градители, „чистачи“, развивачи и одржувачи.

Пет нови улоги на иднината

Прототипизерите смислуваат и брзо тестираат нови идеи, од кои многу никогаш не стануваат готов производ, додека градителите ги претвораат добрите прототипови во стабилни производи подготвени за користење.

„Чистачите“ се занимаваат со поедноставување, оптимизација и подобрување на перформансите, развивачите го шират постоечкиот производ и го прилагодуваат на пазарот, а одржувачите се грижат системите да останат безбедни, сигурни, брзи и ефикасни додека растат.

Черни наведува дека вработените во тимот на „Клод Код“ честопати покриваат повеќе од овие улоги и дека еден здрав тим треба да има добра комбинација од сите пет, во зависност од зрелоста и големината на производот.

Титулите сè повеќе се преклопуваат

Овие размислувања се вклопуваат во поширокиот тренд во технолошката индустрија, каде што сè повеќе раководители тврдат дека вештачката интелигенција ги спојува работните места кои претходно беа јасно одделени, пренесува Бизнис инсајдер.

Слично претходно изјави и директорот на „Фигма“, Дилан Филд, кој оцени дека работните места се спојуваат и дека сè поголем број вработени стануваат еден вид „градители на производи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ