вторник, 30 јуни 2026

После долго време има повеќе барања за враќање отколку за откажување од македонското државјанство, вели премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за првпат по долг временски период бројот на барања за враќање на македонското државјанство е поголем од бројот на барањата за откажување од државјанството. Тој уште кажа дека од почетокот на 2026 година се поднесени 672 барања за повторно стекнување државјанство, наспроти 318 барања за отпис.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски соопшти дека од почетокот на 2026 година се поднесени околу 672 барања за повторно стекнување на македонско државјанство, додека околу 318 лица побарале отпис од државјанството.

„Ова е прва година по не знам колку време да се случи вакво нешто. Дали е случајност, дали е некаков знак и дали тоа нешто значи, не би можел да кажам, но верувам во македонскиот народ, во македонските граѓани и во нивниот потенцијал“, рече Мицкоски во интервју за Телма.

Тој оцени дека економските показатели на Македонија во последните две години се подобри од оние на некои земји-членки на Европската Унија и истакна дека државата располага со квалитетен човечки потенцијал.

Мицкоски нагласи дека како универзитетски професор имал можност да се увери во способностите на младите луѓе и додаде дека Македонија може да постигне многу повеќе, и покрај, како што рече, постоењето на сили кои не сакаат државата да успее и шират дефетизам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ