вторник, 30 јуни 2026

Полицијата трага по „Бетмен“: Необичен „одмаздник“ предизвика хаос (ФОТО)

Човек кој се однесува како „одмаздник“ на улиците на Мексико го доби прекарот „Бетмен“ откако, според локалните медиуми, пресретнувал луѓе – наводно одговорни за кражба на мотоцикли – и ги врзувал за столбови.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според неофицијални информации, во текот на изминатите две недели најмалку пет лица биле врзани за уличната инфраструктура со леплива лента.

Бизарните инциденти се регистрирани во градот Лагос де Морено, каде што, според медиумските извештаи, неодамна имало „зголемување на кражбите на мотоцикли“.

Идентитетот на лицето кое стои зад овие „дејствија“ не е познат.

На некои фотографии се гледа дека на челото на врзаните мажи е напишан зборот рaтеро, што на шпански јазик може да значи крадец. Исто така, на нивните лица се нацртани мустаќи и други симболи, додека над нив се поставени картонски или хартиени знаци со описи на наводните дела.

Сепак, локалната полиција вели дека ги третира врзаните луѓе како жртви, а не како сторители на кривични дела, објави Дејли стар.

Во исто време, беше покрената истрага за да се идентификува лицето кое стои зад овие самоиницијативни „дејствија“.

Властите велат дека се регистрирани најмалку пет случаи, додека секретарот за државна безбедност Хуан Пабло Ернандез потврдува дека сè уште нема апсења, но дека се идентификувани две возила кои би можеле да бидат поврзани со „одмаздникот“.

Првиот пријавен случај бил на 13 јуни, кога неименуван маж бил пронајден врзан за столб. Слични случаи биле пријавени и во деновите што следеле.

Сите мажи кои биле врзани подоцна биле ослободени и им била укажана медицинска помош, соопштија властите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ