Двете страни објавија дека испраќаат претставници во Катар за да постигнат напредок откако потпишаа меморандум за разбирање кон средината на јуни, со цел да се стави крај на војната на Блискиот Исток на сите фронтови, вклучително и во Либан.
„Стив Виткоф и Џаред Кушнер се во Доха за да се сретнат со катарските медијатори и претставници, а разговорите ќе ги опфатат сите регионални прашања, вклучувајќи ги, секако, преговорите со Иран, но и Либан“, кажа Маџед Ал Ансари, портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.
„Тие не се тука поради нивните преговори со Иранците“, објасни тој. Според портпаролот, „во наредните денови не е планирана директна средба меѓу двете страни“ или каква било „средба на високо ниво“.
Од иранска страна „техничка делегација патува во Доха и назад во зависност од напредокот на преговорите“. „Моментално нема делегација на високо ниво на лице место“, додаде портпаролот.
Техничките дискусии вклучуваат точки поврзани со нуклеарната програма, економските прашања и безбедноста, кажа Маџед Ал Ансари.
Катар првично одби да дејствува како посредник откако беше цел на ирански оган како одмазда за нападите на САД и Израел врз Иран. Сепак, веќе неколку недели игра поактивна улога во преговорите, заедно со Пакистан, другата земја медијатор.






