„Врховниот суд го потврди правото на државјанство по раѓање, што е многу лошо за нашата земја, но лесно можеме да го надоместиме тоа во Конгресот преку закон“, порача Трамп во објава на социјалните мрежи. Трамп денес претрпе пораз во Врховниот суд на Соединетите Американски Држави во спорот за правото на државјанство по раѓање, откако судот пресуди со историска пресуда дека децата родени во САД ќе продолжат автоматски да стекнуваат државјанство на САД.
Трамп се обиде да го укине правото на државјанство по раѓање за децата на луѓе кои се во САД привремено или без потребната дозвола за престој.
Критичарите на таквото барање тврдат дека 14-тиот амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави не дозволува такво толкување. Во него се наведува дека децата родени на територијата на Соединетите Американски Држави се државјани на САД.
„Сите лица родени или натурализирани во Соединетите Американски Држави кои се предмет на нивната јурисдикција се државјани на Соединетите Американски Држави и на сојузната држава во која живеат“, се наведува во текстот на пресудата.
Принципот jus soli, што латински значи „право на почва“, гарантира автоматско државјанство на речиси секое дете родено на американска почва од 1868 година. Врховниот суд со одлуката ја потврди таа практика.






