вторник, 30 јуни 2026

Норвешка ги мина Слоновите и закажа дуел со Бразил (ВИДЕО)

Норвешка со 2-1 ја победи селекцијата на Брегот на Слоновата Коска и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, Ерлинг Халанд со гол во финишот го донесе триумфот.

Објавено на

часот

Сподели

Норвежаните ја имаа почетната иницијатива, но потоа Брегот на Слоновата Коска беше селекцијата која доминираше на теренот.

Сепак во 39. минута една индивидуална мајсторија на Нуса резултираше со водство за Норвешка од 1-0. Тоа беше прекрасен гол на фудбалерот на Лајпциг.

Во вториот дел Слоновите напаѓаа за да го изедначат резултатот, тоа се случи во 74. минута кога Диало имаше фантастична акција и погодок за 1-1.

Победата за Норвешка дојде во 86. минута кога по една акција која ја почна Боб и прекрасна асистанција на Берг, Халанд постигна гол за победа од 2-1.

Во последната минута од судиското продолжение Диало имаше прекрасен шут од слободен удар, но норвешкиот голман одбрани.

Норвешка во осминафиналето ќе игра против селекцијата на Бразил.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ