вторник, 30 јуни 2026

Ирак сака да влезе во БРИКС, сојузот предводен од Русија и Кина

Ирак се надева дека еден ден ќе стане дел од БРИКС, изјави ирачкиот амбасадор во Москва Абдул-Карим Хашим Мостафа за руската новинска агенција ТАСС, додавајќи дека евентуалното приклучување зависи од организацијата и условите за членство. „БРИКС е многу важна организација и се надевам дека Ирак еден ден ќе биде дел од неа“, кажа дипломатот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Евентуалното приклучување на Ирак кон БРИКС „зависи од многу работи“, додаде ирачкиот функционер, издвојувајќи ја организацијата на групата и условите за членство. „Сепак, приклучувањето кон групата дефинитивно ќе биде добра идеја“, додаде Мостафа за ТАСС.

БРИКС е основан во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а пристапувањето на Јужноафриканската Република во 2011 година ѝ го даде на групата името БРИКС. Целта на БРИКС е да развива конзистентен, активен, прагматичен и отворен дијалог и соработка меѓу земјите членки, што беше дефинирано на првиот самит во Екатеринбург во јуни 2009 година, потсетува ТАСС. Последователно, групата ги усвои принципите на неврзаност и неутралност, додава руската новинска агенција.

БРИКС повторно се прошири во јануари 2024 година, кога Египет, Обединетите Арапски Емирати и Етиопија станаа полноправни членки, а Индонезија им се придружи на почетокот на 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ