Шефот на компанијата Бенедето Виња изјави дека производителот забележал „силен интерес, вклучително и од нови клиенти“. „Веќе примаме уплати. Клиентите кои присуствуваа на презентацијата сакаат да го купат“, кажа Виња, потврдувајќи дека првите нарачки веќе се примени.
Откако беше претставен претходно оваа недела, луче беше пречекан со остри критики. Вредноста на акциите на компанијата падна, а поранешниот претседател на Ферари Лука ди Монтеѕемоло отворено го изрази своето незадоволство. Тој изјави дека неговото искрено мислење за автомобилот би ѝ „наштетило“ на компанијата.

Тој верува дека луче ризикува „уништување на легендата“ и се надева дека „барем ќе го отстранат кренатиот коњ“ од него, но тоа нема да се случи. Ферари цврсто стои зад новиот модел, убеден дека е доволно уникатен за да го носи култниот симбол.
Виња истакна дека луче нуди уникатно искуство што го издвојува од другите електрични возила на пазарот. „Ако го видите и го пробате, веднаш ќе ви биде јасно дека не е копија и дека не може да се спореди со другите електрични возила на пазарот на кој било начин – ниту во однос на ентериерот, ниту во однос на надворешниот изглед, ниту во однос на перформансите“, тврди тој.
Колку луѓе се навистина подготвени да издвојат повеќе од половина милион евра за првото електрично Ферари ќе се знае во јули. Тогап компанијата официјално ќе објави колку депозити за купување всушност добила, што ќе биде првиот вистински показател за пазарниот успех на моделот луче.






