Тој информираше дека Армијата веќе неколку дена е на терен, каде со цистерни со техничка вода и друга опрема им дава поддршка на институциите и на населението погодено од непогодите.
„Од пред неколку дена сме присутни во Гостивар со голем број цистерни со техничка вода и со сета расположлива опрема. Ќе останеме таму сѐ додека има потреба. Сè што ќе биде побарано од нас, согласно координацијата со Министерството за внатрешни работи, Управувачкиот комитет и заклучоците на Владата, Армијата ќе го стави на располагање на граѓаните“, изјави Мисајловски.
Министерот нагласи дека Армијата интервенира секогаш кога е потребно, без разлика дали станува збор за пожари или други природни непогоди, оценувајќи дека војниците се „урбани херои“ кои секогаш се подготвени да помогнат.
Во моментов Армијата работи на седум локации, а како што истакна Мисајловски, пристигнуваат и нови барања за ангажман, на кои ќе биде одговорено согласно можностите.





