петок, 24 јули 2026

Кумановец уапсен поради семејно насилство, ги тепал сопругата и синот

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 47-годишниот Р.В. од Куманово, откако, според пријавеното, физички ги нападнал својата сопруга и својот син.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 23 јули 2026 година, во 19:25 часот, полициски службеници интервенирале и го привеле осомничениот, кој по инцидентот бил задржан во полициска станица.

Случајот е евидентиран како семејно насилство, а надлежните служби преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на настанот, против Р.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ