петок, 24 јули 2026

Ансамблот од Грузија победник на Фолк фест Скопје 2026

Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Фолк фест Скопје 2026“ синоќа заврши на плоштадот „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот.

Објавено на

часот

Сподели

По настапите на ансамблите-учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место.

„Честитки до ансамблот од Грузија за победата и до сите учесници кои во изминатите денови ги донесоа културата и традициите на своите земји во Скопје. ‘Фолк фест’ е фестивал кој обединува луѓе и различни култури на една сцена, а ние ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа традиција и во годините што следуваат“, изјави Меџити.

Како победник на овогодишното издание, Грузија ќе биде специјален гостин на следното издание на Фолк фест Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ