Како што информира МВР, на 23 јули во 04:40 часот, на кружната крстосница на булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило ауди со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) од Охрид, излетало од коловозот.
По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека возачот управувал со 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.
По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, казниво по член 297-а од Кривичниот законик.





