четврток, 23 јули 2026

Земјите од ЕУ го усвоија 21 пакет санкции против Русија

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денес постигнаа договор за 21 пакет санкции против Русија, а писмената постапка за негово усвојување ќе започне наскоро, соопштија европски дипломати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Последната спорна точка, која се однесува на предложената забрана за испорака на руски гас до трети земји, е решена со долг продолжен преоден период, изјавија двајца европски дипломати, според бриселскиот портал Политико.

Земјите исто така постигнаа договор за замрзнување на горната граница на цената на руската сурова нафта за една година.

Таа моментално изнесува 44,10 долари за барел, а требаше да се зголеми поради војната во Иран и автоматското повторно пресметување, кое се спроведува на секои шест месеци.

Грција првично се спротивстави на предложената забрана за европските компании да транспортираат руски гас до клиенти надвор од блокот, тврдејќи дека мерката оди подалеку од она што лидерите на ЕУ претходно го договориле и нема да биде ефикасна бидејќи бродовите едноставно би можеле да се пререгистрираат во странство.

Дипломат по тој повод рече дека „земјите-членки покажаа солидарност со Грција и се очекува Грција да го стори истото за другите во иднина“, објави Ројтерс.

Техничката работа на пакетот санкции е при крај, а се очекува писмената постапка за негово усвојување да започне денес попладне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ