Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот Ш.Ш. од скопското село Волково, и патничко возило чиј возач веднаш по судирот го напуштил местото на несреќата.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му била укажана медицинска помош.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото што го напуштиле местото на настанот.





