При преземените полициски дејствија биле приведени Н.Г.(27) и Ф.С.(31) од Скопје, М.Т.(49) од скопското село Сингелиќ, како и 16-годишен малолетник од Делчево. Кај лицата била пронајдена грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана, кои биле одземени и предадени за понатамошна постапка.
Од СВР Скопје информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.





