Вардар денеска полни 79 години, а судбината сакаше токму на денешниот ден да имаат европски натпревар.
Вардар не ја започна добро сезоната во Европа, испадна од КуПС во квалификациското коло од Лигата на шампионите, по што се префрли во Конференциската лига.
Реваншот против КуПС во Финска роди надеж дека Вардар може да игра многу подобро и од таборот на црвено-црните сакаат тоа да го покажат вечерва.
„Мора да бидеме силни на домашен терен. Голема е мотивацијата да се покажеме многу подобро, тоа и го покажавме во Финска, сакаме да ги направиме горди нашите навивачи со една подобра партија и перформанси на домашен терен. Знаеме колку е важно да завршиме со предност на по првиот меч“, вели тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани.
Рига е сериозна екипи и според обложувалниците е фаворит против Вардар и на денешниот натпревар, без разлика што тој се игра во Скопје.
Вардаровите фудбалери ветија дека ќе го дадат максимумот за да остварат позитивен резултат и да ги израдуваат своите навивачи.
Натпреварот ќе биде пренесуван на Арена М1 Премиум.





