ФИФА разгледува можност турнирот да започне кон крајот на декември 2034 година, а да заврши во јануари или февруари 2035 година. Причината е што летните термини отпаѓаат поради екстремните горештини, а ноември и декември се преклопуваат со Рамазан.
Доколку биде прифатено ова решение, Светското првенство официјално ќе се води како СП 2034, иако најголемиот дел од натпреварите би се одиграле во 2035 година, што би било преседан во историјата.
Конечната одлука сè уште не е донесена, но извесно е дека шампионатот нема да се игра во традиционалниот летен термин.





