вторник, 21 јули 2026

Кичевец пријавен за нелегално оружје: Во домот му пронајдени пушка, пиштол и муниција без дозвола

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.В. (49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 март годинава во селото Иванчишта, кичевско, полициски службеници извршиле претрес во семејната куќа на пријавениот.

При претресот биле пронајдени и одземени пушка „црвена застава“, патрони, пиштол „црвена застава“, како и куршуми за кои 49-годишниот кичевец не поседувал соодветна дозвола.

По целосното документирање на случајот, против С.В. е поднесена кривична пријава до надлежните органи, а понатамошната постапка ќе утврди како и на кој начин оружјето и муницијата се нашле кај него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ