вторник, 21 јули 2026

Град Скопје е подготвен за најавеното невреме, уверуваат од градската администрација

Град Скопје соопшти дека е подготвен за најавеното невреме во попладневните часови. Како што информира, Кризниот штаб одржал состанок и целосно е мобилизиран, а екипите ќе бидат постојано присутни на терен, подготвени навремено да интервенираат и да се справат со можните последици.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите расположливи човечки и технички капацитети се ставени во функција, со цел заштита на граѓаните, имотот и градската инфраструктура, како и спречување поголеми штети. Ваквите активности се спроведуваат секојдневно, но за ефикасно функционирање на системот неопходна е и одговорност од сите нас“, наведува Градот.

Додава и дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, за да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот.

„Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тоа го блокира протокот и оневозможува правилно одведување на дождовната вода“, истакнува Град Скопје и дополнува дека останува буден, мобилизиран и во целосна служба на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ