вторник, 21 јули 2026

Еден настан, две гледишта: Шпанија и Белата Куќа си објавија фотки по своја мерка (ФОТО)

Шпанската фудбалска федерација ги стави фотографиите од доделувањето на пехарот каде што не е Доналд Трамп, а Белата Куќа само со слики каде што е американскиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија ја надигра и ја победи Аргентина со 1-0, покрај фудбалскиот дел од финалето, тема во медиумите е и присуството на Доналд Трамп на доделувањето на пехарот.

Големо внимание привлекоа и фотографиите од доделувањето на трофејот, односно начинот на кој ги објавија ФИФА и Белата куќа. ФИФА на своите официјални социјални мрежи објави фотографии од шпанската репрезентација како на сцената го крева трофејот за светски првак. Сепак, на нив не се гледаат американскиот претседател Доналд Трамп ниту претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, иако двајцата стоеја многу блиску до шпанските играчи за време на прославата.

Фотографиите, се чини, беа внимателно кадрирани така што во прв план да остане само шпанскиот тим со трофејот. Слично направи и самата шпанска репрезентација, која веднаш по натпреварот на Инстаграм објави фотографија од славењето без Трамп, а подоцна и голема галерија од 20 фотографии во која исто така го нема американскиот претседател.

Но, Белата куќа во понеделникот објави своја серија фотографии од финалето. На сите шест фотографии се наоѓа Трамп, а на две од нив тој е единствената личност во фокусот. Само две фотографии ја вклучуваат и шпанската репрезентација.

Присуството на Трамп на доделувањето на трофејот предизвика бројни коментари. Некои ја опишаа глетката како непријатна, особено моментот во кој Инфантино, според снимките, се обидуваше да го насочи Трамп подалеку од шпанските играчи додека се подготвуваа да го кренат трофејот и додека топовите исфрлаа конфeти.

Трамп и Инфантино беа пречекани и со свирежи кога се појавија на големиот екран и влегоа на теренот за церемонијата на доделување. Сепак, Микел Мерино за време на прославата го имитираше познатиот танц на Трамп, кој американскиот претседател често го изведува со песната „Y.M.C.A.“ од групата Village People.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ