вторник, 21 јули 2026

Лувр повторно ја отвора галеријата од која беа украдени скапоцености во вредност од 88 милиони евра

Галеријата „Аполон“ во парискиот музеј Лувр, од која беа украдени скапоцености вредни 88 милиони евра, утре повторно ќе биде отворена за јавноста.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украдените скапоцености нема да бидат изложени, а галеријата „Аполон“ ќе се врати на својата првобитна функција како државна галерија од 17 век, изјави денеска за АФП извор запознаен со случајот.

„Галеријата ќе биде отворена во среда“, изјави изворот, потврдувајќи ги информациите на весникот „Ле Паризиен“ и додавајќи дека ќе присуствува и француската министерка за култура Катрин Пегар.

Претседателот на музејот Кристоф Лерибо изјави во интервју за „Ле Паризиен“ дека колекциите и вредните предмети кои претходно биле изложени се отстранети.

Во октомври 2025 година, ограбувачи маскирани како градежни работници влегле во галеријата со помош на кран поставен на камион. Тие украле осум скапоцености, кои и натаму се водат како исчезнати. За накитот што не бил украден ќе биде обезбедена посебна сигурна просторија, односно трезор без прозорци, во друг дел од музејот, изјави Лерибо.

Провалата во Лувр откри големи безбедносни пропусти во најпосетуваниот музеј во светот, кој годишно го посетуваат околу девет милиони луѓе. Кражбата предизвика и внатрешна криза во Лувр, што доведе до смена на претседателката на музејот Лоранс де Кар.

„Безбедносните прашања во Лувр во последните години беа ставени во втор план“, заклучи парламентарната комисија за безбедност на музеите во Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ