Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се Р.Д. (31), Б.П. (24), Б.С. (37), М.Г. (24), Б.И. (22), сите од Скопје, како и Ј.Ќ. (23) од скопското село Грчец.
При извршените контроли и прегледи, кај приведените биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана, по што тие биле лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во согласност со законот.
Полициските активности се дел од редовните мерки на СВР Скопје насочени кон откривање и сузбивање на кривични дела поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги.





