По успешно завршеното Светско првенство, Трамп во интервју за „Фокс спортс“ му се обрати на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, со предлог повторно да им ја додели организацијата на Американците.
„Имам одлична идеја за Џани. Му реков: ‘Сега треба да објавите уште две земји. Објавете нè нас за следниот пат, а потоа и уште една земја, за да се намали незадоволството. Според бројките, повторно ќе се пријавиме. Мора да го направиме тоа додека сум јас тука. Слушаш ли, Џани?“, изјави Трамп.
Сепак, неговата изјава предизвика забуна, бидејќи домаќините на следните две Светски првенства веќе се одредени. Мундијалот во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, додека во 2034 година домаќин ќе биде Саудиска Арабија.





