Активен е пожарот во Општина Делчево на градските гробишта, со кој е зафатена ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Општина Василево, село Доброшинци (депонија), во Општина Кочани (градска депонија), во Општина Илинден, Ајватовски Рид (ниска вегетација) и во Општина Желино, село Садларево (ниска вегетација).
Според ЦУК, изгаснат е пожарот во Општина Кочани на улицата „Иван Иванов Балашо“ со кој беше зафатена ниска вегетација.





