вторник, 21 јули 2026

Прегледани 198 пациенти во Гостивар во изминатите 24 часа, состојбата се стабилизира

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент, поради здравствената состојба, бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје – информира директорот на Општата болница во Гостивар, Емри Бајрами.

Објавено на

часот

Сподели

Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар – 12 пациенти.

Бајрами изјави дека нема промени во клиничката слика кај пациентите.

„Клиничката слика и понатаму се карактеризира со стомачни проблеми, а поретко со треска и покачена телесна температура“, рече Бајрами.

Министерот за здравство, Сашо Клековски вчера на прес-конференција соопшти дека од почетокот на епидемиолошката состојба биле евидентирани речиси 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските јавувања и интервенциите на Итната медицинска помош.
Клековски посочи дека првиот преглед бил извршен на 14 јули, а на 19 јули првпат било забележано намалување на бројот на приеми, што, според здравствените власти, претставува прв показател за стабилизирање на состојбата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ