вторник, 21 јули 2026

Расправии, напади и закани: Спреј во очи, тепачки меѓу малолетници и напад поради паркинг

Во изминатото деноноќие полицијата евидентирала повеќе случаи на физички напади, закани и насилство во Скопје, Штип и Пробиштип. Дел од инцидентите завршиле со кривични пријави, а за останатите се преземаат мерки за целосно расчистување.

Објавено на

часот

Сподели

СВР Штип поднесе кривична пријава против 27-годишниот С.Д. од Штип поради сомнение за кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според полицијата, на 20 јуни во Штип дошло до физичка пресметка меѓу него, негов сосед и уште едно лице, при што пријавениот со остар предмет им се заканувал.

Кривична пријава е поднесена и против 40-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип, кој се сомничи за кривично дело „изнуда“. Според пријавата, тој подолг период ги вознемирувал една жена, нејзината сестра и мајка, а со употреба на електрошок во два наврати од нив изнудил вкупно 110.000 денари.

Во Скопје, 38-годишна жена пријавила дека по расправија на паркинг во Центар, женско лице ја испрскало со спреј во пределот на очите. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Физичка пресметка имало и во јавна установа за згрижување деца, каде по претходна расправија 15-годишен штитеник физички нападнал 14-годишен штитеник.

Во Шуто Оризари, 37-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови роднини – нејзини братучеди.

Уште еден случај на физички напад е пријавен кај Долна Матка, каде 29-годишен маж пријавил дека по недоразбирање околу паркирање бил нападнат од 30-годишен скопјанец.

За сите случаи полицијата презема мерки за нивно целосно расчистување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ