Уредот е дизајниран како кабина од не’рѓосувачки челик со вграден стол. Кога корисникот ќе седне внатре, системот почнува да испушта силни млазови воздух оладен до 5 степени. Воздухот е насочен кон главата, вратот, рамената и грбот за да се намали телесната температура што е можно побрзо.
Внатрешноста на кабината се одржува на температура од околу 15 Целзиузови степени, а системот од безбедносни причини автоматски се исклучува по максимум 20 минути користење. Ладилникот за луѓе е висок околу 213 см и длабок 120 см.
Japan has invented refrigerators for people
A person enters a cabin, sits on a chair, and closes the door. The temperature inside is maintained at 15°C, while the neck, head, and back are cooled by a directed airflow chilled to 5°C.
According to the developers, spending just… pic.twitter.com/kausSkMA3s
— NEXTA (@nexta_tv) July 19, 2026
Производителот „СДРС“ наведува дека работењето на уредот чини само 16 јени, или околу 0,10 евра на час, што го прави енергетски поефикасен од конвенционалните клима-уреди. Добавувачот „Труско“ истакнува дека ова е првиот преносен уред кој овозможува ладење на целото тело и кој може да го лади телото побрзо од стандардниот клима-уред.
Компаниите предлагаат поставување на овие мобилни кабини на градилишта и земјоделски површини, каде што работниците би можеле да се одморат од летните горештини. Може да се користат и во трговски центри, училишта, фестивали и спортски терени. Производителите тврдат дека корисникот се чувствува значително посвежо по само пет минути, додека десет минути во кабината се доволни за да се ублажат симптомите на топлотна исцрпеност.
In Japan, they’ve invented refrigerators for people:
A person enters the booth, sits in a chair, and closes the door. Inside, the temperature is maintained at 15 degrees Celsius, while a stream of air, cooled to 5 degrees Celsius, blows on the neck, head, and back. According to… pic.twitter.com/Pd439nSmpf
— Kordon (@Kordoneuropa) July 19, 2026
Јапонија во моментов се соочува со екстремен топлотен бран. Метеоролошката агенција во понеделникот соопшти дека температурите во градот Тојота достигнале 38,5 Целзиусови степени, додека во Токио надминале 36 степени. Агенцијата предупреди дека температурите би можеле да се искачат над 40 Целзиусови степени во среда и четврток.
Оваа година, јапонската влада воведе и ново име за деновите во кои температурата надминува 40 Целзиусови степени. Името „кокушоби“ се преведува како „сурово топол“ или „брутално топол“ ден. Во Јапонија веќе постојат посебни имиња за деновите кога температурите надминуваат 25, 30 и 35 степени.
Минатата година, Јапонија го забележа најтоплото лето откако започнаа да се водат евиденции во 1898 година. Просечните температури беа за 2,36 степени над повеќегодишниот просек, а температурите надминаа 40 Целзиусови степени во текот на девет дена помеѓу јуни и август. Градот Исесаки постави нов национален рекорд од 41,8 Целзиусови степен.
Според јапонската Агенција за управување со пожари и катастрофи, седум лица починале од топлотен удар оваа година. Повеќе од 4.500 лица биле хоспитализирани помеѓу 6 и 12 јули. Владата ги повикува граѓаните да бидат претпазливи, советувајќи ги да избегнуваат активности на отворено и да ја проверуваат здравствената состојба на постарите соседи и роднини.





