вторник, 21 јули 2026
Време

Сончево и топло, попладне пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 31 до 35 Целзиусови степени. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат до 27 до 32 степена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ